Во обид да извршат притисок врз Вашингтон за забрзување на решавањето на нивните барања за азил, стотици мигранти од Централна Америка го блокираа пограничниот мост меѓу САД и Мексико.

Околу 400 луѓе ја зазедоа мексиканската страна на мостот Гетвеј. Еден од нив рече дека тие не се обидуваат насилно да ја преминат границата, туку дека се уморни од чекањето да бидат процесуирани нивните барања за азил.
Мостот е затворен за пешаци и возила, освен за итните случаи.
Од јануари досега, САД вратија во Мексико повеќе од 40.000 мигранти. Многумина од нив се вратија во своите матични земји, додека други чекаат американските власти да одлучат по нивните барања за азил, процес што трае со месеци.