Уапсен убиецот на кучиња во скопски Аеродром

од Vladimir Zorba
221 прегледи

Скопјанец бил уапсен откако пукал во кучиња во парк во Ново Лисиче.

„Синоќа во 02:45 часот во Полициска станица Аеродром бил лишен од слобода 69-годишниот И.Д. од Скопје. Постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека И.Д. во парк на булевар „Видое Смилевски Бато“ пукал кон кучиња со пиштол „црвена застава“. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информира МВР.

Слични содржини