Шведска бара ЕУ да воведе ембарго за извоз на оружје во Турција

од desk2
150 прегледи

На состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, Шведска ќе бара Европската унија да воведе ембарго за извоз оружје на Турција, одлучи денеска шведскиот Парламент.

Министерката за надворешни работи Ан Линде вчера ја осуди воената офанзива во североисточна Сирија.

„Турција го крши меѓународното право, ја дестабилизира ситуацијата и ризикува големи човечки загуби, не само за Курдите. Советот за безбедност на ООН мора итно да се позанимава со ова прашање“, напиша таа на Твитер.