Макрон: Неопходна е силна Еврокомисија заради спречување кризи

од desk2
169 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макронденеска изјави дека треба да се формира силна нова Европска комисија за да се спречи каква било политичка криза. Изјавата ја даде откако европратениците го отфрлија францускиот кандидат за еврокомесар.

– Мислам дека е императив да се има силна Европска Комисија, која ќе спроведува амбициозни проекти, изјави Макрон во Париз, на заедничката прес конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Францускиот претседател додаде дека не смее да се дозволи развивање политичка криза, откако беше ставено вето на Силви Гулард, кандидатот за комесар на Париз