Девет лица загинаа денеска, а 10 се повредени во експлозија на гас во еден ресторан на истокот од Кина, јави кинеската станица ЧТВ.

Во експлозијата е потполно уништен ресторан во провинцијата Џангсу, а оштетени се и блиски продавници.
Како што пренесува АП, повеќе од 200 припадници на спасувачки служби се распоредени на местото на експлозијата.
Состојбата на повредените е стабилна.