ЕУ: Швајцарија и Обединетите Арапски Емирати тргнати од листата на земји што важат за „даночен рај“

од Vladimir Zorba
320 прегледи

Министрите за финансии на земјите од ЕУ се договориле да ги тргнат Швајцарија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) од листата на земји што важат за „даночен рај“.

Како што се наведува во извештајот за донесените заклучоци, големиот економски партнер, Швајцарија, е тргнат од листата држави што се сметаат за заштитнички на сомнителен капитал, коишто претходно имаат земено обврска дека ќе ги променат своите даночни правила за да ги доведат во согласност со стандардите на ЕУ. Швајцарија тоа го направила и затоа е тргната од листата, се наведува во извештајот.

Од своја страна, ОАЕ е тргнат од листата на која се наоѓаат земји коишто не соработуваат со Европа кога станува збор за даночнитепрашања.

Од црните листи се избришани и Маршалските острови, а на нив остануваат уште девет држави, главно мали тихоокеански острови со мали финансиски односи со ЕУ.

Слични содржини