СБ на ОН загрижен поради бегалците и бегството на милитантите во Сирија

од Vladimir Zorba
269 прегледи

Советот за безбедност на Обединети нации денеска изрази загриженост поради опасноста од влошување на хуманитарната ситуација во североисточна Сирија и бегството на борците од Исламска држава, но тоа не го поврза со турската офанзива против Курдите на тоа подрачје.

Во кусото соопштение на СБ на ОН се укажува дека десетици илјади цивили се принудени да ги напуштат домовите.

Во соопштението се посочува и дека расте неизвесноста за судбината на борците на ИД, кои се наоѓаат во курдските затвори.

Тоа беше втора седница посветена на Сирија од почетокот на турската воена офанзива во северна Сирија, што почна на 9 октомври. Седницата беше иницирана од Велика Британија, Франција, Германија, Белгија и Полска односно европските земји членки во СБ на ОН.

Слични содржини