Популарната пејачка се понуди да ги плати сите сметки на чуварот во едно средно училиште во Висконсин, кој беше отпуштен од работа поради користење расистички зборови.
Таа ова го објави на твитер, каде напиша дека го поддржува Марлон Андерсон, кој остана без работа откако им возвратил на неколку ученици кои го навредувале. Имено учениците во неколку наврати му се обраќале со расистички зборови, бидејќи тој е црнец, а кога по неколку молби не престанале тој им возвратил со истите зборови. Но во училиштето кое има нула толеранција за расизам, добил отказ.
Ова не им се допаднало на останатите ученици кои го поддржуваат чуварот и веќе започнале протести со цел да биде вратен на работа. Но додека да се разреши случајот, Марлон е без работа и не може да плаќа сметки ниту да го прехрани своето семејство. Шер одлуката на училиштето да го избрка од работа ја прогласи за „недостојна“ и го поддржа Марлон да се бори за своите права.
How Can Ppl Be This Disrespectful⁉️A Beloved,Man of Color Just Passed,& Our Nations Mourning Him.Cong.Elijah Cummings FOUGHT FOR JUSTICE.He Was loved & Feared. If You Want To sue MMSD Ed.Board I Will Incur Your expenses.🕊EC
— Cher (@cher) October 18, 2019