Британското најголемо семејство го очекува раѓањето на 22то дете

од desk4
217 прегледи

Сју и Ноел Ратфорд, од Ланкашир, Велика Британија, преку видео на јутуб каналот објавија дека го очекуваат раѓањето на своето 22ро дете. Видеото започнува со Сју и сопругот, придружени од некои од најмалите деца како одат во болница, а Сју зборува за возбудата која ја чувствуваат пред да го видат бебето на ехо.

Снимката е направена во септември, кога одат на редовен тримесечен преглед, а прикажано е и како за прв пат го слушаат чукањето на срцето од бебето. Тие во видеото откриваат дека бебето треба да се роди во април, но полот на бебето сè уште го чуваат во тајност.
Семејството со повеќетео деца живее во голема куќа која ја купиле пред 15 години, а е поранешен дом за грижа за стари лица. Домот на четири ката има 10 спални соби, и една голема визба.
Јавноста за ова семејство дозна во 2012 година кога беа дел од реалното телевизиско шоу „15 Kids and Counting“.
Најстарото дете во семејството е 30 годишниот Крис, а најмалото е Бони (11 месеци) која се роди во ноември минатата година. Таа беше родена по 12 минути породилни болки, а родителите изјавија дека нивното семејство е комплетно и нема да раѓаат нови деца. Но сепак се премислија.


Сју и Ноел имаат приватен бизнис, пекара за пити, и не користат посебни државни бенефити. Еден ден од нивниот живот беше прикажан на почетокот од годинава, кога Сју раскажуваше како се снаоѓа со готвење, чистење и грижа за семејството. Таа е домаќинка која поради обврските не може да оди на работа. Заминувањето на семеен одмор е вистински хаос, бидејќи со себе носат најмалку седум големи куфери. А кога се децата на распуст, тогаш дома е вистинска лудница, бидејќи постојано се готви и пере.

Слични содржини