Макрон следниот месец во официјална посета на Скопје и Тирана

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Претседателот на Франција, Емануел Макрон ќе ги посети Северна Македонија и Албанија нареден месец, пишуваат албанските медиуми. Според нив, Макрон сака да покаже дека не е против двете држави, но и дека ќе им помогне да ја постигнат целта, влез во Европската Унија.

Дипломатски извори на порталот Егзит.ал велат дека се уште нема детали за посетата, бидејќи Макрон одлуката ја донел неодамна.

Инаку, францускиот претседател ја најави посетата на прес конференцијата на која образложуваше зошто го блокирал почетокот на преговорите со Скопје и Тирана. Макрон тогаш кажа дека со македонскиот и албанскиот премиер, Зоран Заев и Еди Рама ќе разговара за реформите и чекорите кои двете земји треба да ги преземат.

Слични содржини