Американската актерка Фелисити Хафман ја прими првата посета во затворот во Калифорнија, каде отслужува казна за измама на државните тестови за прием на студии.
Актерката веќе неколку дена е во казнениот затвор во Калифорнија, а досега ја посетиле само сопругот и ќерката. Хафман е позната по својата улога во хит-серијата „Очајни домаќинки“.
Папараците ја искористиле можноста да ја фотографираат познатата Линет, но овојпат во многу понеугледно издание од што сме навикнати да ја гледаме на ТВ-екраните. Таа задолжително мора да носи затворска униформа и тоа е правило од кое казнената установа не отстапува, без разлика колкава ѕвезда е затвореникот.
Меѓутоа, таа во затворот има обезбедена теретана, а може да го користи и киното за да гледа филмови. Наскоро, Фелисити излегува од затвор, бидејќи ѝ се преостанати уште само неколку дена до крајот.