Се засилуваат капацитетите на Клиничката болница во Битола. Имено министерот за здравство Венко Филипче информираше дека во оваа болница се рализирани 134 вработувања.
-Во Клиничката болница во Битола се реализирани 134 вработувања, а на 13 ангажирани со договор на дело следува постапка на трансформација на нивниот работен однос. Ги зголемивме платите на здравствените работници, за тие да бидат мотивирани во својата работа, да останат и да работат во нашата држава. Покрај грижата за здравствените работници, во оваа болница подобрени се и условите за престој во болница. – информира Филипче.
Тој, исто така, на својот Фб профил упати порака до сите мади лекари да не заминуваат надвор од државата, споделувајќи ја успешната приказна на младиот Стефан Ордановски медицински техничар кој од пред една година е вработен на неопределено време на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија.