За ѓумбировата вода се тврди дека е јапонски рецепт кој гарантира побрзо согорување масти од телото, но и дека го штити целокупното здравје.
Ѓумбирот е познат како една од најздравите намирници, особено поради активната состојка гингерол која има антивоспалителни својства.
Според јапонската традиционална медицина, ѓумбировата вода го нормализира крвниот притисок, го намалува ризикот од инфекции, ја подобрува циркулацијата, ги смирува симптомите на настинка, го регулира варењето и ја олеснува болката во зглобовите.
Оваа ѓумбирова вода лесно се подготвува со 1,5 л вода, неколку парчиња ѓумбир и сок од еден лимон.
Парчињата ѓумбир се вадат во провриената вода, а откако ќе се излади чајот, додадете го лимоновиот сок. Наутро испијте една чаша од ладната ѓумбирова вода, а обидете се целата количина да ја испиете во текот на целиот ден.
Ако ви остане, подгответе ја одново или намалете ја количината соодветно на тоа колку можете да испиете. По една недела активно пиење направете пауза од неколку дена, а потоа продолжете повторно. Нека ви влезе во навика да пиете барем една чаша вака подготвена вода во денот.