Хрватот Будимир Шобат – Буда го урна сопствениот светски рекорд во нуркање на здив и под вода остана 24 минути и 11 секунди.
Сепак, уривањето на Гинесовиот рекорд е само спореден мотив, бидејќи, според него, со оваа акција сакал да предупреди на пречките со кои секојдневно се соочуваат децата со аутизам, јави Дневник.хр.
– Горд сум, направив нешто што никој во светот не го сторил, поради што децата со аутизам ќе добијат повеќе внимание – оцени Шобат.
Минатата година тој го урна светскиот рекорд во Сплит, задржувајќи го здивот 21:03 минути. Спортот со кој се занимава е опасен по живот, но тој е свесен за тоа.
– Пред крај почнувам да се штипам. Кога ќе почувствувам дека веќе не ме боли, значи дека сум близу несвестица и тогаш е последен момент да излезам од под вода – појасни Шобат.