Со ништо во животот не треба да претерувате, а тоа важи и за кафето и сите други продукти кои содржат кофеин, бидејќи може да доведат до состојба наречена кофеински мамурлак.
Премногу кофеин, може да ги предизвика овие симптоми:
Имате пулсирачка главоболка
Ако секојдневно ви се случува барем накратко да чувствувате пулсирачка болка, особено во челото и слепоочниците, тоа е знак дека треба да намалите со дневниот внес на кофеин.
Не можете да спиете
Како што стареете, телото ја губи способноста брзо да го процесира кофеинот. Затоа немојте да се чудите ако минатата година кафето не ви пречело во спиењето, но во последно време се случува токму тоа.
Ве боли стомакот
Кафето и кофеинот создаваат кисела средина во вашиот организам, па желудникот може да реагира со создавање вишок киселини. Тоа може да доведе до постојана болка во стомакот, но и до рефлукс и други проблеми со варењето.
Имате необјаснива анксиозност
По претерување со кофеин, телото може да ви стане чувствително, исто како и нервниот систем, што резултира со епизода на анксиозност. Обидете се во следните денови да го намалите внесот на кофеин.
Имате потреба од често одење во тоалет
Зачестено уринирање, дијареја, па дури и запек, иако не сте јаделе нешто што може да ги предизвика. Одговорот побарајте го во тоа колку кафе и други кофеински производи сте внесле денеска во вашиот организам.