Првиот пик од 2018 година суспендиран заради допинг

од Vladimir Zorba
250 прегледи

Кошаркарот на Феникс Санс, Деандре Ејтон е казнет со 25 натпревари забрана за настап поради позитивен тест на диуретик. Првиот пик од НБА-драфтот во 2018 година го одигра првиот натпревар против Сакраменто, а наредниот ќе може да го игра дури на крајот од декември.

Ејтон беше позитивен на диуретик кој се користи за брзо симнување на килограми или исфрлање на други супстанци од организмот, најчесто анаболички стероиди. Кошаркарот имаше забележителен настап на премиерниот натпревар во НБА-лигата, постигнувајќи 18 поени, 11 скокови и четири блокади против Сакраменто.

Слични содржини