Милион Чилеанци синоќа мирно протестираа во главниот град Сантијаго, на најголемиот собир откако изби насилство во повеќедневните демонстрации во оваа јужноамериканска држава.
Пинера изјави дека ќе прогласи специјален закон за безбедност за да може да се процесуираат „криминалците“ кои се одговорни за нанесената штета во Сантијаго, но, истовремено, изјави и дека го разбира незадоволството на оние кои се погодени од растот на цените на јавниот превоз.
Главниот град на Чиле и другите градови веќе со денови се парализирани од немирите чија „искра“ беше кревањето на цената на билетите во метрото, но подоцна прераснаа во протест заради високите трошпци за живот и нееднаквоста, бидејќи во оваа земја здравството и образованието се речиси целосно приватизирани.
Пинера уште минатата сабота ја поништи одлуката за кревање на цената на билетите за метрото.