Пет места на кои се кријат алергени во вашиот дом

од desk4
288 прегледи

Избегнување на природата и затворање во домовите, веројатно нема да биде доволно за смирување на алергенитее, бидејќи тие се наоѓаат токму таму. Ова се местата во домот на кои можеби никогаш не обрнувате внимание, но ако правилно ги исчистите , сигурно ќе почувствувате олеснување.

1. Постелнина – колку и да ви изгледа удобно и чисто, постелнината може да биде вистинско легло на микроорганизми (грињи) кои можат да ја влошат состојбата кај лицата што имаат проблеми со алергии. Крветот е многу плодна средина за размножување на сите микроорганизми, бидејќи најчесто е топол. За да го избегнете размножувањето, важно е да не го средувате веднаш штом ќе станете. Почекајте некое време покрај отворен прозор, за да се проветрат чаршафите, а површината се исуши. Исто така менувајте ја постелнината најмалку еднаш неделно.

2. Подови – колку и да ги чистите никогаш не е доволно. За дом без алергени нема да биде доволно да се помине со правосмукалка или да се изџогираат подовите, бидејќи микрочестичките со леснотија се вовлекуваат во малите процепи на паркетот, ламинатот дури и во фугите на плочките. За решавање на овој проблем најдобро е да употребите чистач на пареа кој дезинфицира и успева да продре до најмалите вдлабнатини на подот. Топлината на праеата ги убива габичките, бактериите и другите нечистотии, но без хемикалии.

3. Прозори – не е доволно само да ги измиете прозорските стакла, туку и сите негови делови како што се рамката и кваката. Обрнете внимание на горниот дел до кој можете да дојдете само ако е прозорот отворен. Ако имате комарници, обрнете внимание при чистење, бидејќи на нив се таложат многу алергени.

4. Домашни миленици – штета што милениците не можете да ги исчистите едноставно како подовитe, но за нив постои решение. Кучињата кои секојдневно уживаат на зелени површини, додека се валкаат надвор на своето крзно закачуваат полен и го внесуваат во домот. За да го намалите внесувањето, четкајте ги редовно милениците.

5. Ѕидови – освен прашина и пајажина кои постојано се создават, ѕидовите можат да бидат извор на непредвидливи алергени. Ако ненајдено почнат да ве мачат симптоми на алергија, а неодамна сте ги реновирале ѕидовите, обидете се да откриете што содржат средствата за бојадисување кои сте ги користеле. Пожелно е да користете бои со ниско ниво испарливи органски соединенија.

Слични содржини