Бегајте од оние кои се жалат, тие ја „јадат“ вашата енергија

од desk4
350 прегледи

Како човечко суштество, сигурно во даден момент сте се соживеале со нечија животна приказна и сте покажале дури и малку повеќе емпатија отколку што е нормално.

Животот е таков, на сите ни носи проблеми и тоа во најголем дел во моменти кога најмалку ни требаат. Сосема е нормално да сакате да помогнете и да бидете некому поддршка, но дали по секоја цена?

Се случува некои од тие луѓе до толку да се навикнат дека сте постојано тука за нив, што дури и ве прават дел од нивните проблеми, а потоа тоа преминува во постојана потреба да им се правдате зошто не сте им секогаш достапни кога ќе им текне.

Направете разлика меѓу оние кои зборуваат за своите проблеми бидејќи им треба поддршка или совет и оние кои само сакаат да ја пренесат негативноста и врз другите. Вторите ќе ви наметнат чувство на вина што вас ви е подобро отколку нив, а тоа воопшто не е пријатно. Тоа веќе преминува во токсичен однос од кој треба навреме да се спасите.

Имајте предвид дека ако постојано сте опкружени со жалење, негативност и лоша енергија, кај вас може да доведе до:

– Емоционална нерамнотежа
– Тешкотии во решавањето на своите проблеми
– Лоша концентрација
– Појава на негативни мисли

За ова да го избегнете потребно е да држите дистанца, колку и да ви е блиска личноста. Нормално е да помогнете, но не и да се соживеете со нивните проблеми.

Поставете јасни граници и не давајте до знаење дека секогаш сте достапни за што и да е. Не покажувајте слабост, колку и да се сочувствителна и емпатична личност. Ваквите луѓе откако ќе ве исцрпат вас, ќе преминат на некој друг и никогаш нема ни да се потрудат да ги решат своите проблеми. Нивната потреба е само на некого да ги пренесат и да добијат привидно чувство на емпатија.

Бидете искрени, дадете совет, но во никој случај не дозволувајте туѓиот проблем да стане ваш.

Слични содржини