Ви треба одмор: Овие дестинации се одлични за есенски туризам

од desk4
366 прегледи

Летото помина, но тоа не значи дека не можете одвреме-навреме да си дозволите есенски одмор во некоја од убавите европски и светски дестинации.

Предноста на патувањата во есен е што во најголем дел, ќе избегнете големи туристички толпи.

Еве за кои дестинации се работи:

Италија

Рим е познат по есенските туристички тури, но добро ќе си поминете и во другите некомерцијални места. Изберете прошетки низ руралните италијански средини, а дури може и да се вклучите во дегустација на локални вина.

Турција

Во Истанбул во есен се случуваат голем број културни настани, уметнички изложби и манифестации во склоп на Исанбулското биенале.

Франција

Париз има посебен шарм во есен. Не заборавајте ниту на културните настани. По повод 500 години ренесанса, оваа година во Лувр се изложени голем број дела на Леонардо Да Винчи.

Холандија

За волја на вистината, Амстердам е град што е прекрасен во секое годишно време, но во есен добива нова колоритна и романтична димензија.

Слични содржини