Едноставен трик за совршени кркми

од desk4
488 прегледи

Сакате кркми ама се откажувате поради проблематичното одржување? Тоа не треба да ви претставува проблем, бидејќи има едноставен трик со кој може секогаш да изгледаат совршено.


Ако некогаш сте имале кркми сигурно барем еднаш сте помислиле „што ми требаше ова“? Нивното одржување бара поголем ангажман од другите фризури, а посебно нервира тоа што колку и да ги средувате, секогаш се случува да се разделат точно на средина на челото и така да останат.

Марк Таундсенд, фризерот на славните, има решение. Овој човек кого го нарекуваат „крал на потстрижувањето кркми“, а кој секогаш има ас во ракавот ако треба да се спаси лоша фризура, открива дека тајната е едноставна- неколку прскања со шампон за суво миење коса.
Според него лакот за коса ги лепи влакната едно за друго, додека шампонот за суво миење ги разделува. Затоа косата изгледа погусто по прскањето сув шампон.

Па пробајте. Иако не ви е мрсна косата, слободно ставете на кркмите малку шампон за суво миење коса и тие нема да се разделуваат.

Слични содржини