Многупати сме прочитале дека ако нема потреба од тоа, најдобро е да не го пропуштаме тренингот и да не си ја ускратуваме физичката активност.
Но, има одредени ситуации во кои е сосема во ред да не отидете на тренинг и да останете дома, за да се одморите:
Под стрес сте
Одамна ни е познато дека стресот предизвикува и физички симптоми, кои дополнителниот напор може само да ги влоши. Ако сте под стрес, подобро е да го прескокнете тренингот, наместо да се лажете себе дека ќе ве смири.
Не сте наспани
Ненаспаноста предизвикува умор, раздразливост и исцрпеност, а тогаш сте и почувсвителни, имунитетот е благо опаднат, а концентрацијата намалена. Исто како и во првиот случај, најдобро е во ваква ситуација да останете дома.
Болни сте
Ако имате болки, настинати сте, имате покачена температура или општо не се чувствувате добро, прескокнувањето на тренингот е повеќе од добра идеја, бидејќи потењето дополнително ќе ве дехидрира.
Болки во мускулите
Ова е повеќе од јасен знак дека треба да одморите и да не се измачувате дополнително, бидејќи може да се повредите.
Неодамна сте имале интензивни тренинзи
Ако сте тренирале интензивно поради трчање подолги трки или натпревар, сосема е нормално да одморите и да испуштите неколку тренинзи, додека да ги обновите силата и енергијата.