Димитров: Не може Европа да биде стабилна и цврста ако регионот е ранлив

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Разговаравме за членството во НАТО, за тоа колку е важно да се отвори и европското поглавје за македонските интереси, меѓутоа и за инетеристе на Вашингтон. Еднаш паднавме во замката на жртва и разочарување 2008 година, мислам дека нема тоа далеку да не однесе ако пак паднеме, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров по средбата со Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер.

„Треба да сме упорни, да се обидеме и последното оправдување да го тргнеме, тоа е Законот за јавно обвинителство и на следната прилика да излеземе уште поспремни и уште по упорни и да најдеме начин како земјите членки на ЕУ заедно со нас, да се адресирани и нивните грижи и нашите, ова е регион кој е дел од Европа и не може да биде стабилна и цврста ако регионот остане ранлив. Тоа е задачата пред нас, да покажеме дека сме зрели и да успееме да бидеме победници, а не жртви, рече Димитров.

Инаку тој денеска освен на средбата со Палмер, имаше обраќање пред пратениците на Комисијата за европски прашања, каде порача дека за да се донесе Законот за јавно обвинителство, мора да има волја и од опозицијата.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини