472
Есента е период во кој во многу домаќинства се подготвува зимница, а џемовите и мармаладите се неизоставен дел од овој процес.
Но, дали знаете која е разликата меѓу нив?
Мармаладот се прави од добро измелено овошје и добиената маса е кашеста, па дури и наликува на желе. Во оваа мешавина не можете да распознаете од кои овошја е направена, а вкусот е покомпактен. Може да се прави од едно овошје или од микс од повеќе овошја чии вкусови се компатибилни еден со друг.
Џемовите, пак, се густи, но во нив се познаваат парчиња овошје или пак, цели овошја ако се правени од поситни плодови. Исто така, може да се подготват од еден вид овошје или пак од повеќе, во зависност од желбата или рецептот.