Ѓуриќ: Курти јасно и гласно да каже дека за него резултатите од Бриселскиот дијалог не се обврзувачки

од desk3
222 прегледи

„Албин Курти јавно да каже дека не сака да ги применува обрвските на Приштина кон Србите, бидејќи, ако е така, тогаш ни ние немаме веќе обврска кон Приштина“, истакнува во соопштението директорот на Канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ.

Тој го повикува лидерот на Движењето „Самоопределување“ Албин Курти јасно и гласно да каже дека за него резултатите од Бриселскиот дијалог не се обврзувачки.

„И граѓаните на Косово и меѓународната заедница треба да знаат кој ја уништил секоја можност Белград и Приштина со договор да ги решат несогласувањата“, посочил директорот.

Ѓуриќ наведува дека Курти опсесивно се занимава со Србија и Србите и да побара лекарска помош поради опседнување со идејата за прогон на се што е српско.