217
Премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил порача дека со зголемување на платите во здравството сакаат да ги мотивираат медицинските работници за уште поголема посветеност во давањето здравствена грижа на граѓаните.
-Просечната плата за 7 години била зголемена за 3200 денари од претходната влада. Оваа влада, за само 2 години ја зголеми просечната плата во здравството за дополнителни 4700 денари и таа изнесува 29.763 денари. Платите ќе продолжат да растат, бидејќи здравјето на граѓаните е наш приоритет! – напиша Заев на ФБ.