Кои услови треба да ги исполнувате за да возите електричен тротинет?

од Vladimir Zorba
616 прегледи

Законските промени кои веќе поминаа на седница на Владата, предвидуваат ограничување на движењето на електричните тротинети.

Тротинетите ќе можат да се движат по велосипедски патеки, а во случај да нема одбележани патеки ќе можат да се движат и по тротоар. Возачот на тротинет треба има наполнето 14 години и не смее да превезува други лица. Прекршувањето на овие одредби ќе се казнува со 50 евра.

Максималната брзина на велосипедска патека е 25 км/ч, а на тротоар 6 км/ч. Ова треба да придонсе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Предвидено е и задолжително носење на флуоросцентни елеци во вечерните часови или кога временските услови го наметнуваат тоа.

Предвидените казни се од 50 евра за не носење на елек, за возење по улица и булевар 80 евра, до 120 евра за надминување на дозволената брзина.

Тротинетот треба да биде осветлен од предната и задната страна со бело односно црвено светло.

Слични содржини