Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека тимот одлично настапил против Челзи. „Црвените ѓаволи“ победија со 2-1 на „Стемфорд Бриџ“ со двата гола на Маркус Рушфорд и се квалификуваа за четвртфиналето на Лига Купот.
„Патувавме многу оваа недела. Имаме добар тимски дух. Тимот исто така покажа карактер. Поведовме со 1-0 во неколку натпревари, но не победивме“, рече Солскјер. „Бевме одлични денес (вчера). Ова е вистинскиот Манчестер Јунајтед. Ние се обидуваме да се вратиме таму каде што припаѓаме. Маркус ги знае овие работи. Го гледам на тренинзи многу пати. Кога ќе им дадете искуство на младите луѓе, како Брендон Вилијамс, кој беше неверојатен, тоа само ќе им помогне. Знаеме дека не сме целосно готов производ, ние сме во процес на работа и треба да продолжиме да се подобруваме“, рече менторот на Јунајтед.