Кличко наскоро се враќа во рингот

од Vladimir Zorba
295 прегледи

Украинскиот боксер Владимир Кличко изненадувачки објави дека наскоро ќе се врати во рингот. 43-годишниот поранешен светски шампион е подготвен да се врати во спортот, но само за рекорд.

„Може ли да се вратам на боксот? Оваа опција е многу веројатна. Мислам дека нема да го сторам за да нарушам нечии планови. Ќе се вратам за рекордот, а тоа е доволен мотив. Џорџ Форман имаше 45 години кога стана светски шампион. Ова е неверојатно достигнување. Зошто да не го подобриме“, изјави Кличко за „Дејли мејл“.

Украинецот има 69 натпревари во рингот во кои забележа 64 победи (53 со нокаут). Покрај тоа, Кличко има и златен олимписки медал од Атланта`96.

Слични содржини