Многупати самите се саботираме со тоа што сметаме дека за нешто сме престари или дека е доцна за тоа, било да се работи за нова љубов, промена на работата, ново хоби, стил на облекување…
Често самите си велиме дека за нешто е премногу рано или пак, предоцна, но речиси никогаш не го вметнуваме концептот дека за нешто е вистинското време.
Вистината е дека никогаш за ништо не е доцна. Секогаш можете да направите промени кои ќе резултираат со среќа и задоволство од животот.
Затоа, не дозволувајте влијанието на околината да го уништи вашиот дух. Не е доцна ако на 35 години се вратите на студии или запишете нов факултет. Не е срамно да имате момче помладо од вас. Не е доцна ниту да сакате да имате дете после 35-тата година од животот.
Примери дека никогаш не е доцна има многу. Џенет Џексон стана мајка на 50 години. Деми Мур ја „ситни“ шестата деценија, но тоа не ја спречува и понатаму гордо да носи бикини.
Затоа, никогаш не се срамете и не се понижувајте со реченицата „Доцна е“. Никогаш не е доцна да бидете убави, среќни, успешни и негувани.