408
Веќе е ноември, а тоа значи дека дојде сезоната на вкусното топло чоколадо, во кое сигурно сите уживаме.
Овојпат ви предлагаме да го направите од бело чоколадо, со додавање на ликер од портокал и секако, неизбежниот цимет.
Потребни состојки:
500 мл млеко
80 гр бело чоколадо
100 мл слатка павлака
4 лажици ликер од портокал
Подготовка:
Млекото загрејте го на тивко, додадете ја слатката павлака и искршеното бело чоколадо. Мешајте додека смесата да се изедначи.
Откако ќе го тргнете од оган, додадете го ликерот од портокал. Ако сакате безалкохолен пијалак, можете да додадете екстракт од портокал и малку рендана кора.
Послужете со шлаг и цимет или пак со додаток кој е по ваш вкус.