Во вооружен инцидент повреден обвинителот на Драч

од Aleksandar Petrovski
311 прегледи

Три лица, меѓу кои и обвинителот на Драч, Арјон Ндоја, се повредени доцна попладнево, откако неидентификувани напаѓачи, во близина на градот, кај надвозникот во Шкозен, пукале во возило што се движело од Драч кон Тирана.

Според албанските медуми во возилото во кое бил обвинителот било пукано од возило во движење марка „Мерцедес бенц“.

Полицијата постави контролни пунктови на неколку места на плажите во Драч и интензивно ги бара напаѓачите. Откако во градот престојуваа висок полициски раководители вклучена е специјлната единица „Ренеа“.

Медиумите додаваат дека најверојатно цел на нападот бил Ндоја, кој во неколку наврати постојано се поврзуваше со организираниот криминал, за што зборуваше и албанскиот премиер Еди Рама.
Двете други лица, кои биле во возилото со обвинителот и се познати на полцијата како лица од криминалниот свет.

Арјан Твани, лекар од ургентниот центар во регионалната болница во Драч, за телевизијата Њуз 24 изјави дека Ндоја има фрактура во пределот на рамото и оти е вон животна опасност. Едниот од повредените поради тешката состојба е префрлен во Тирана, додека другиот кој има повреди во пределот на главата по оперативниот зафат се уште е во загржувачка здравствена состојба. 

Слични содржини