Тесните црни пантолони и кожната јакна кои австралиската актерка Оливија Њутн Џон ги носеше во филмот „Брилијантин“ биле продадени за 300.000 долари на аукција организирана во саботата во Беверли Хилс, во аукциската куќа „Julien’s Auctions“.
Облеката, која го симболизираше преобразбата на ликот кој актерката го толкуваше во мјузиклот од 1978 година – од средношколката Сенди во секси Сенди, беше понудена заедно со 500 предмети од филмот на аукцијата чија цел била собирање средства за центарот за лекување на болни од рак.
Озогласените тесни пантолони кои Њутн – Џон ги носи додека го пее дуетот „You’re the One That I Want“ заедно со Џон Траволта биле толку тесни што морале да бидат сошиени на неа пред снимањето на сцената, а биле продадени за двојно поголема сума од онаа што се очекувала. Името на купувачот на јакната и панталоните не е откриено.
На аукцијата биле собрани 2,4 милиони долари, а поголемиот дел од предметите биле продадени за поголем износ од очекуваното.
Постерот „Брилијантин“ со потписи од Оливија Њутн-Џон, Траволта и останатите актери од филмот бил продаден за 64.000 долати, а бил проценет на само 1.000 долари. Розевиот чипкаст фустан кој актерката го носела на премиерата на филмот во Лос Анџелес бил продаден за 18.750 долари. Розевата јакна која актерката ја добила од останатите актери и луѓето што работеле на филмот била продадена за 50.000 долари што е 25 пати повеќе од очекуваниот износ.