Од секојдневното миење на забите до пиење кафе во 11 часот, сите имаме десетина навики кои ја сочинуваат нашата секојдневна рутина. Некои навики се позитивни и корисни, како одењето во теретана, а дури, како пушење пакла цигари дневно или често нарачување пица – негативни, па дури и штетни, пишува ScienceAlert.
Постојат и апликации кои би ви помогнале да создадете нови навики или да се одвикнете од лошите, а многу од нив се втемелени на претпоставката дека за тоа ќе ви биде потребен 21 ден.
Овој број потекнува од една популарна книга од шеесетите години на минатиот век, „Психоаналитика“ од пластичниот хирург Максвел Малтц кој забележал дека на пациентите им се потребни 21 ден за да се навикнат на новиот изглед.
Но, по резултатите од истражувањето спроведено во 2009 година, потребното време за обликување на навиките не може да се прецизира.
Научниците од лондонскиот универзитет „University Collegea“ ги истражувале новите навики на 96 испитаници во текот на 12 недели и откриле дека просечното време, потребно за усвојувањето на новите навики изнесува 66 дена.
Истакнале дека индивидуалното усвојување на новите навики е во растојание од 18 до неверојатни 254 дена.
Имено, доколку сакате да усвоите некоја нова навика треба да поминат најмалку два месеци и не би требало да очајувате доколку тоа не ви успее за три недели, бидејќи поголемиот број од испитаниците тој период едноставно не им бил доволен.
Секоја добра, лоша или безначајна навика започнува психолошка шема наречена „јамка за навики“. Тоа е процес од три дела.
Првиот од овие е активирач што му овозможнува на мозокот да се однесува на одреден начин.
Вториот дел е самото однесување, односно рутината која се создава, додека третиот е наградата, односно она што на мозокот му се допаѓа и го памети.
Откако навиката ќе биде формирана, тешко е да се прекине токму затоа што забораваме како воопшто се прави тоа, бидејќи веќе сме робови на таа навика која ја практикуваме.