Поранешниот член на Државната изборна комисија (ДИК) Бедредин Ибраими обвинет за случајот „Титаник 2“, призна дека лидерот на ДПА Мендух Тачи во 2013 година му се јавувал за време на одлучувањето по приговорите за тогашните локални избори. Тој на денешната седница рече дека по поднесените жалби од сите осудени за „Титаник 2“, одбил да прима било какви инструкции.

Ибраими истакна дека е осуден  поради, како што рече носење законска одлука, посочувајќи дека му било ускратено правото да му се суди пред независен и непристрасен суд и побара судот да ја укине првостепената пресуда.

Тој направи паралела меѓу неговиот разговор со Мендух Тачи и разговорот меѓу Радмила Шекеринска и Фатмир Бесими, кои исто така разговараат за гласање на седница на ДИК.

Поранешен член на Државната изборна комисија (ДИК) Бедредин Ибраими е осуден на 4 години и 6 месеци затвор за злоупотреба на функцијата.

Ослободителна пресуда во овој предмет на СЈО бараат и Сашо Мијалков, Тачи, како и тројцата осудени бивши членови на ДИК.

Според пресудата на Кривичниот суд, во март 2013 година како директор на УБК, Мијалков го искористил своето реално влијание и му кажал на Тачи да му наложи на Ибраими да гласа во ДИК за поништување на гласање во Струмица во корист на кандидатот за градоначалник на Струмица на ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев, иако изборите и резултатите биле чисти.

 

Слични содржини