Британската Влада блокира извештај за руска закана

од Aleksandar Petrovski
288 прегледи

Владата на Велика Британија блокира најмалку за еден месец објавување на парламентарен извештај за закана од Русија за британската демократија и можно мешање во парламентарните избори во декември, пишува „Гардијан“.

Документот го изготви парламентарната комисија за разузнавање и безбедност. Пред една недела, претседателот на комисијата, поранешниот јавен обвинител Доминик Грив, го обвини премиерот Борис Џонсон дека работи против објавувањето на извештајот. И покрај тоа, се очекуваше тој да биде објавен денеска.

Според информации од владини кругови, до распуштањето на парламентот во вторник вечер, нема да се одлучи за објавувањето на извештајот. Тоа значи дека пристапот до документот ќе биде можен само по изборите на 12 декември.

Извори од Даунинг стрит тврдат дека во одложувањето нема ништо невообичаено, затоа што такви документи бараат процес на согласност, што може да трае до шест недели.