Во последно време се шушкаше дека старлетата Сораја Вуќелиќ ги зголемила своите и онака бујни гради, но таа тоа го демантира, откривајќи дека всушност се здебелила.
„Не сум ги зголемила градите. Одамна не носам корсети, па може тоа прави да изгледаат малку поголеми, а мора да признаам и дека малку се поправив, накачив 4-5 килограми. Не знам навистина колкави ми се градите, но задоволна сум со нив и само еднаш ги имам зголемувано“, изјавила сораја за хрватскиот „24 сата“.
Таа веќе не си се допаѓала себе колку е слаба, па решила да накачи неколку килограми, што очигледно, веднаш било видливо, со оглед на реакциите на јавноста.
Сораја не коментира ништо ниту за наводите дека е во врска со оженет руски милионер, само открива дека е вљубена во харизматична и смирена личност.