📸 Доја Кат облече необичен фустан и ги покажа градите на доделувањето на Греми наградите

од Radmila Tasevska

Доја Кат ги сврте погледите на Греми наградите во Лос Анџелес.

28-годишната пејачка облече нежно розев фустан, кој го истакна нејзиното деколте и ги покажа нејзините брадавици. Креацијата ја изработи дизајнерката Дилара Финдикоглу, чие име на челото го напиша Доја Кат, пренесе Стандард лајф. 

Модната комбинација ја заокружи со црни очила и сребрен накит, а ја виткаше косата.

На овогодишното доделување Доја Кат беше номинирана за најдобра поп соло изведба, најдобра мелодична рап изведба и најдобра рап песна. Таа се појави на Греми за прв пат во 2021 година.

Слични содржини