323
Ракометарите на Еурофарм Работник загубија на домашен терен од Брест Мешков со резултат 32-35 во рамките на СЕХА лигата. Белорускиот првак допатува во Битола речиси со „втор тим“, без бројни клучни ракометари, но сепак успеа да слави.
Гостите одиграа поамбициозно и направија почетна предност од три гола, а во вториот дел, Мешков Брест постојано ја одржуваше предноста од најмалку два гола разлика и во мирно темпо го приведе мечот до крај за конечни 32:35.
Јотиќ со осум и Ојлески со шест гола беа најефикасни во таборот на Еурофарм Работник, додека Митревски имаше 15 интервенции, но и тоа беше недоволно за да се избегне пораз.