493
Ако поголем дел од денот го поминувате во канцеларија, седејќи, тоа не значи и дека не можете за тоа време да бидете активни.
Можеби сте забележале дека во големи корпорации во канцелариите има топки за пилатес и има одлична причина за тоа. Доволно е барем половина час во текот на денот да седите на таква топка, за да согорите повеќе калории, но и да придонесете за правилно држење на телото, подобра рамнотежа и поцврсти мускули.
Исто така, придонесува побрзо да се релаксирате, да се истегнете, да го вежбате балансот на телото, да го држите грбот исправен, но и да ги зајакнете мускулите на нозете и колковите.
Може да правите кратки вежби, но може и барем неколку минути да седите на топката и да работите, наместо на канцеларискиот стол.