204
Поранешниот олимписки шампион Золт Боркаи, кој освои втор мандат за градоначалник на унгарскиот град Ѓер, соопшти дека поднесува оставка заради вмешаност во сексуален скандал кој доведе и до пад на поддршката на јавноста на владеачката партија Фидес на неодамна одржаните локални избори.
Золт Боркаи, е освојувач на златен медал во гимнастика на Олимписките игри 1988 година во Сеул, ја напушти Фидес минатиот месец за да ги ограничи последиците од објавувањето на видео снимката на која тој наводно е во сексуален однос со девојка на јахта на Јадранско море.
Боркаи се извини заради своите постапки кои ги нарече грешка.
https://www.youtube.com/watch?v=143iCxSZn_Y