Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти е пред отказ затоа што не ја послуша одлуката на газдата Аурелио де Лаурентис.
Имено Де Лаурентис наредил екипата заедно со стручниот штаб цела недела да бидат во карантин.
Но по синоќешниот меч со Салцбург во Лигата на шампиони (1:1) играчите си отишле по дома, а тренерот Карло Анчелоти застанал на нивна страна.
Протест упатил и Анчелоти кој не се појавил на обврзувачката конференција за новинари. Тој останал во карантин цела ноќ, но денес го напуштил.
Наполи соопшти дека ќе ги брани своите „економски, патријамолни, угледот и дисциплинските права“.
Наполи пред почетокот на сезоната беше еден од главните фаворити за освојување на титулата во Италија, но по една третина од шампионатот се наоѓа на 7. место, додека по ремито со Салцбург пропушти да се пласира во осминафиналето на Лигата на шампиони.