Холандската полиција се упати на аеродромот Шипхол заради „сомнителна ситуација“ во Амстердам, а според непотврдени информации станува збор за обид за киднапирање на лет за Мадрид.
Извештаите од аеродромот упатуваат на тоа дека ситуацијата може да има последици по широката популација.
#Schiphol all clear – 27 passengers and crew evacuated successfully pic.twitter.com/5zD0tIxQU4
— Last Defender (@LastDef) November 6, 2019
Во тек е евакуација на патници и членови на екипажот на еден од авионите.
Меѓу патниците на аеродромот може да се слушне дека станува збор за обид за киднапирање на авионот на лет UX1094 за Мадрид. Станува збор за Ер Европа Ербас А330.
Копчето за узбуна го притиснал пилотот на авионот, наведуваат локалните медиуми.
#Schiphol video of possible #hijacked #plane at #KLM cargo platform pic.twitter.com/okB0VJGBMa
— From Of Fields (@FromofFields) November 6, 2019
Според непотврдени информации, тројца мажи вооружени со ножеви се обиделе да ја преземат контролата над авионот.
Инцидентот е пријавен околу 19.30 часот по локално време.
На аеродромот Шипхол пристигнале и екипи на Брза помош и пожарникари, а делови од аеродромот се затворени.
Security lock down at #schipol anyone knows what's going on at #ams #AmsterdamAirport? pic.twitter.com/Le4zEpiXn5
— Kat Wolseley (@KatWolseley) November 6, 2019