Облачно со повремен дожд

од Hristina Nikolovska

Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд поинтензивни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12 степени, а дневната температура од 12 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура ќе достигне до 18 степени.

Во петок ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, поинтензивни на запад и на југ. Потоа следува период на променливо облачно време, со поинтензивни врнежи во недела. Ќе продолжи периодот на позитивни утрински температури.

Слични содржини