Исмајлоска-Старова за Стандард ги негира шпекулациите за средба со Мицкоски

од Aleksandar Todeski
355 прегледи

 

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, која од вчера брои седум пратеници нема договрено средба со лидерот на нивната матична партија, Христијан Мицкоски. Пратеничката Нола Исмајлоска-Старова во изјава за Стандард ги негираше шпекулациите, дека ќе се сретнат со Мицкоски во обид да се вратат во редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето на Стандард дали ќе се сретнат со Мицкоски во обид да ги приближат ставовите, Исмајлоска-Старова кратко искоментира „Нема најава за такво нешто“.

Таа во интервју за Локално минатата недела рече дека без разлика концептуалните разлики околу значењето на Преспанскиот договор, никој не може да го одземе нивниот личен влог во партијата, а за комуникацијата ВМРО-ДПМНЕ, рече дека е на професионално ниво.

„Имаме комуникација на професионално ниво, и секако со оние луѓе со кои сме изградиле силни лични врски и приватно“, рече Исмајлоска-Старова.

Инаку вчера, Зеќир Рамчиловиќ, кој беше дел од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата преку писмо до собранискиот спикер Талат Џафери најави одвојување од пратеничката група и дејствување како независен пратеник, по што почнаа да излегуваат шпекулациите дека останатите седум пратеници ќе разговараат со Мицкоски за враќање во матичната пратеничка група.

Слични содржини