Уапсен педофил од Белград, уценувал деца со порно филмови

од Maja Serafimova
197 прегледи

Осомничениот направил лажни профили на Инстаграм и Фејсбук и се претставувал како 20-годишник, контактирајќи  со оштетените девојки.

Самир Х. (48) од Белград е уапсен во операцијата „Армагедон“ под сомнение дека контактирал со малолетни лица преку социјалните мрежи и кој ги терал да му праќаат слики на кои се без облека и наводно ги плакал за тоа.

Како што дознава Курир, се претпоставува дека Самир Х. го  разменувал детскиот порнографски материјал со други педофили преку Интернет.

Како што се интензивирало нивното допишување, тие се префрлале на комуникација и преку Viber и WhatsUpp. За да ја добие довербата на жртвите, Самир барал од малолетничките да се фотографираат и снимаат без облека и да му ги испраќаат истите на него. Тој наводно за тоа им плаќал.- Изјави добро информиран извор на Курир.

Тој изјави и дека меѓу жртвите имало и такви кои не сакаат да се фотографираат и снимаат голи.

На девојките кои го одбивале, веднаш им се заканувал и правел лажни профили со нивни имиња.

На осомничениот, обвинителот му одреди притвор од 48 часа, по што ќе биде одведен во просториите на Обвинителството за кривично дело високо-технолошки, каде ќе има можност да ја претстави својата одбрана.