Изберете го парфемот кој идеално ви одговара

од Elena Daskalova
351 прегледи

Познатите модни куќи промовираат нови парфеми скоро секој ден, па изборот на идеалниот станува сè потешка и потешка задача.

Парфемот кој ќе ве дефинира вас не мора да е од најскапите, најважно е само да одговара на вашиот карактер, изглед и пораката која сакате да ја оставите со мирисот.

Модната директорка на „Women’s Health“, Жаклин Азриа, советува дека мирисите не треба да ги избираме според тоа што носат нашите мајки или пријателки, туку треба да ја најдеме комбинацијата на ноти која е идеална за нас.

Затоа, размислете за својот мирисен идентитет. Кои ви се омилени ароми? Какви комбинации сакате? Каков впечаток сакате да оставите? Отидете во парфимерија и не се плашете да тестирате. Некогаш процесот на избирање идеален парфем може да трае и неколку дена.

Испробувајте на рачниот зглоб и оставете да се развие мирисот. Не купувајте импулсивно, бидејќи мирисот може да се развие во правец кој не е соодветен за вас.

Побарајте тестер или примерок-мостра, кој ќе го употребувате неколку дена, за да заклучите дали ви се допаѓа. Дури откако сте го направиле сето ова, подготвени сте да инвестирате во парфемот кој ќе стане ваш заштитен знак.

Слични содржини