Австрија: Обвинение против офицер кој шпионирал за Русија

од Aleksandar Petrovski
256 прегледи

Австриското обвинителство покрена пред покраинскиот суд во Салцбург обвинение против 71-годишен пензиониран офицер на австриската војска поради шпионажа.

Австрискиот офицер е обвинет дека најмалку 25 години шпионирал за руската воена разузнавачка служба.

Полковникот во пензија е обвинет за кривично дело дејствување во корист на странска разузнавачка служба на штета на Австрија, како и издавање државни и воено-разузнавачки тајни.

Истрагата покажала дека во 1987 година е остварен првиот контакт на офицерот со руската служба ГРУ.

Тој, за време на своето дејствување, издавал тајни за оружените воени системи, задачи и структури за одбрана на земјата. За својата шпионска активност, според обвинението, добил, дури и по пензионирањето, повеќе стотина илјади евра, се наведува во обвинението.

Слични содржини