Познатиот актер уште ја нема видено едногодишната ќерка

од Elena Daskalova
299 прегледи

Поранешната девојка на актерот Овен Вилсон, Варуни, јавно бара од него да се вклучи во животот на нивната едногодишна ќека Лајла.

Таа за „Дејли мејл“ потврдила дека актерот не е вклучен во растењето и одгледувањето на девојчето, иако помага финансиски. Вилсон всушност, никогаш и ја нема видено Лајла.

„Иронично е како глуми татко во своите филмови, а никогаш не дошол да ја види својата ќерка“, изјавила таа.

Тие биле во врска пет години. Актерот побарал и ДНК тест за татковство, кој потврдил дека тој е татко на девојчето. Варуни преку интервјуто за „Дејли мејл“ повторно побарала од него да дојде да ја види, споменувајќи дека личи на него.

Во прв момент Вилсон не сакал да ја признае малата Лајла, но по ДНК тестот го направил тоа. Актерот има уште два сина, од кои едниот го доби во 2011 со тогашната девојка, а во 2015 уште еден, со фитнес тренерката Каролин Линдквист.

Слични содржини