Хилари Клинтон: Сакам да ја гушнам Меган и да ѝ речам дека сè ќе биде во ред

од Elena Daskalova
262 прегледи

Хилари Клинтон изјавила дека би сакала да ја прегрне Меган Маркл, да ја мотивира да продолжи како и досега и да ѝ рече дека сè ќе биде во ред.

Мотивот за ваквиот нагон на политичарката е што јавноста кон војвотката од Сасекс се однесува расистички и сексистички, а медиумите ја користат секоја прилика јавно да ја „распарчуваат“ поради нејзиното минато.

Принцот Хари и војвотката Меган веќе поднесоа неколку тужби против британските медиуми.

„Кога ќе погледнете наназад, откако ја објавија нивната веридба, нејзината раса е постојана тема. А, со самото тоа што некој уредник одобрил такво нешто да се објави, веќе сè е многу погрешно. Таа беше успешна. А потоа се вљуби во него. И треба да се слави таа љубов. Се чувствувам како мајка која сака да го гушно своето дете, да ѝ кажам дека ќе биде добро и да не дозволи негативните луѓе да ја уништат“, изјавила Клинтон.

Слични содржини